Триумф на надежта: И 100 часа по земјотресот спасени неколку луѓе

news
Advertisement

Надежите за пронаоѓање на преживеани под урнатините на јужна Турција и Сирија сè уште не се целосно згаснати, добрите вести продолжуваат да доаѓаат во петтиот ден откако силните земјотреси со јачина до 7,7 степени го потресоа регионот. Во 101-от час од првиот потрес во понеделникот во 4:17 часот, спасувачите успеаја да извлечат 30-годишен маж од урнатините во Хатај, како и мајка и нејзиниот петгодишен син во Дијарбекир, објави „Си-Ен-Ен Турк“.

Advertisement

Две сестри затрупани под урнатините, со кои спасувачите стапиле во контакт, биле спасени во исто време во Кахраманмарас, објавија други турски медиуми.

Петчлено семејство со едногодишно бебе беше извлечено живо од спасувачите во округот Хатај во 96-тиот час од земјотресот.

Надежта триумфираше и во Газиантеп, каде 17-годишно момче беше извлечено од урнатините во 94-от час по земјотресот.

Два часа претходно спасувачите извлекле мајка и ќерка од урнатините на нивната урната куќа.

Деведесет и еден час по земјотресот во Хатај, спасено е и 12-годишно момче, јавува „Си-Ен-Ен-Турк“.

Два силни земјотреси во понеделникот, со јачина од 7,7 и 7,6 степени ја потресоа јужна Турција. Земјотресите погодија и неколку соседни земји, меѓу кои Либан и Сирија.

Според последните податоци во Турција, во земјотресите загинале над 21 илјади луѓе, а повредени се 78 илјади. Во соседна Сирија загинале над 3.300 луѓе, а илјадници се повредени.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.