Три земјотреси во Лесковац за осум дена

news
Advertisement

Земјотрес со јачина од 2,2 степена според Рихтеровата скала го погоди Лесковац вчеравечер.

Advertisement

Како што соопшти Републичкиот сеизмолошки завод на Србија, епицентарот бил на длабочина од 12 километри.

Земјотресот се случил околу 19.40 часот, а епицентарот бил Сува Планина.

Тоа е трет земјотрес регистриран на територијата на градот Лесковац за осум дена.

Првиот земјотрес во Лесковац беше регистриран на 9 јануари со јачина од 2,1 степена според Рихтеровата скала, а на 13 јануари следуваше вториот земјотрес од 1,9 степен.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.