ТРИ СЕКТОРИ ЌЕ ИМААТ РАБОТНА НЕДЕЛА ОД 35 ЧАСА Платите нема да се намалат, ама ќе се зголеми продуктивноста и бројот на работници

news
Advertisement

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи соопшти дека тоа е дел од новата изборна програма на СДСМ која официјално ќе биде објавена викендов.

Advertisement

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи најави дека, ако СДСМ и коалицијата се задржат на власт по парламентарните избори ќе се воведе работна недела во траење од 35 часа во одделни сектори.

Битиќи рече дека ова работно време прво ќе важи за три сектори без да каже кои се тие, но се повика дека вакво работно време во тие сектори е воведено во некои земји во ЕУ.

– Анализите се при крај и треба да бидат завршени. Ќе воспоставиме работна недела од седум часа дневно. Или наместо 40 часа работна недела – ќе биде 35 часа во одредени сектори – изјави Битиќи во емисија на Слободен печат.

Тој појасни дека во секторите во кои ќе се воведе оваа новина нема да има намалување на платите за работниците.

Битиќи рече дека на овој начин се овозможува да се создадат дополнителен број на работни места и ќе се подобри продуктивноста на работниците

– Ова се прави од низа причини – поради квалитетот на живот и слободно време за семејството. И во 2020 не ни веруваа дека недела ќе биде неработен ден, а сега никој не зборува за тоа, бидејќи прифатено е како нормално – рече тој.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.