Тројца загинати во лавина во Швајцарија

news
Advertisement

Три лица загинаа, а уште едно е повредено во лавината што вчера попладне се спушти од планина во Рифелберг, во близина на швајцарскиот алпски ски-центар Цермат, соопшти полицијата.

Advertisement

Портпаролот на полицијата во јужниот кантон Вале немаше детали за идентитетот на луѓето зафатени во лавината.

Исто така, не е јасно дали има уште исчезнати.

Полицијата во кусо соопштение соопшти дека акцијата за пребарување е прекината затоа што бил отежнат пристапот до подрачјето каде имало многу снег.

Обилните снежни врнежи и многу силните ветрови ги поттикнаа властите да предупредат на значителен ризик од лавини во алпските региони на југот на Швајцарија.

Зимава веќе 14 лица загинаа во лавини во Швајцарија, во дванаесет одвоени несреќи. Повеќето од нив беа скијачи.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.