Advertisement
„Не можеме да ја прифатиме оваа одлука, која е сериозно кршење на воспоставените принципи на меѓународното право. Ние го поддржуваме решението на оваа воена криза, која сериозно ескалира, врз основа на праведен мир што ќе се постигне преку преговори“, објави турското Министерство за надворешни работи а пренесе Скај њуз.
Advertisement
Турција е членка на НАТО, но има блиска соработка и со Москва и со Киев. Таа ја критикуваше инвазијата на Украина, но потврди дека се противи на западните санкции против Русија.
Advertisement