Уапсени двајца разбојници кај мостот Сарај, фатени се со вреќа пари

news
Advertisement

Денеска полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода Ј.Л.(23) од с.Крушопек и Ш.И.(31) од Скопје, кои се сомничат дека во 15.30 ч. во продажен салон на подрачјето на Ѓорче Петров со закани со оружје кон вработените одзеле пари и производи, информираат од МВР.

Advertisement

Оттаму соопштија дека при обидот за бегство со ПМВ „Фолксваген Кеди“ биле забележани од полициски службеник од Полициска станица Ѓорче Петров, кој во содејство со полициски службеници од Полициско одделение Сарај во близина на мостот Сарај успеале да го запрат возилото, во кое биле пронајдени една црна вреќа со украдените пари, производи и автоматска пушка, додека двете лица се дале во бегство.

Полицијата информира дека малку подоцна, во близина на с.Кондово тие биле пронајдени и приведени, а во непосредна близина биле пронајдени пиштол, пари, мобилни телефони и други предмети поврзани со кривичното дело.

Разојниците се сомничат дека извршиле уште две кривични дела разбојништво, кои во службен разговор ги признале.

Увид ќе се врши и по документирање на случајот против двете лица ќе биде поднесена соодветна пријава./tocka.com.mk/

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.