Убиеното момче во Демир Капија живеело само, замислете да имало сопруга, деца кои трчаат, скокаат, плачат или се смеат…

news
Advertisement

Македонската јавност е потресена од последниот случај на убиство и самоубисто што се случи во Демир Капија. Неофицијално причина што 72-годишникот пукал кон 34-годишниот сосед кој живеел во катот над неговиот стан е бучава. Потоа си пресудил сам на себе.

Advertisement

Новинарката Вики Клинчарова со став за овој трагичен случај.

– Кога живееш во зграда, а си супер сензитивен на звуци од соседен стан, или се селиш на некое изолирано место, или си поставуваш звучна изолација на плафон, барем тоа е лесно достапно денес. Не замараш комшии да одат на прсти и да шепотат по дома.

Убиеното момче во Демир Капија живеело само. Замислете да имало сопруга, деца кои трчаат, скокаат, плачат или се смеат, оти така се функционира во семејство. Комшијата-пиштолџија, сите ли ќе ги потепал за да не му реметат тишина? На истиот, два пати му е продолжена дозволата за огнено оружје. И после ова, уште ли ќе се чека да се поработи малку повеќе околу законите за оружје?, праша новинарката во својата фејсбук објава.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *