Убиство и подметнат пожар дел од војната на скопските групи

news
Advertisement

Убиство и подметнат пожар дел од војната на скопските групи

Advertisement

Обвинителството истражува поврзаност меѓу убиството во Блаце и запаленото кафуле во Чаир. Телото на застреланиот маж е на обдукција, а во пронаоѓање на потпалувачите на кафулето „Барон“, се проверуваат снимки од безбедносните камери.

„При увидот, подигнати се траги кои ќе бидат предмет на вештачење. Јавниот обвинител даде насоки да се извршат проверки и да се преземат дејствија за обезбедување на докази. Се постапува за откривање на сторителите и за проверка на евентуална поврзаност на двата настани“, велат од обинителството.

Јавноста веќе ја открива врската, а мотивот за настаните се смета дека е борба за превласт врз пазарот со наркотици во Скопје. Опожареното кафуле го носи името на криминалната група „Барон“, во која членувал Гани Туша, син на убиенот 56 годишен маж.. Туша пак, моментално е во притвор како осомничен за двојното убиство во Шиша бар и убиството на Халкидики, а се тврди дека жртвите се припадници на групата „Дуќанџиќ“.

Политичките партии двата настани ги искористија за меѓусебни обвинувања. СДСМ прстот го впери кон техничкиот министер за внатрешни.

„Министерот и началникот на СВР Скопје кои Мицкоски ги постави покажуваат голеам некадарност во водењето на МВР. ДПМНЕ и Тошковски немаат капацитет да го расчисат случајот. Безбедноста на граѓаните се загрозува поради нивната некадарност. Дали се само неспособност на кадрите на Мицкоски во МВР, или, структури блиски на ДПМНЕ се обидуваат да се вмешаат во нелегалните бизнси со дрога?, изјави Дарко Каевски, СДСМ.

Според ВМРО-ДПМНЕ, случаите се продолжение на крвавата пресметка на двете групи која почнала во време на претходното раководство на МВР.

„Срамно е и се граничи со лудост да се пушта соопштенија каде СДС го обвинува Тошковски за расветлување на убиство кога се знае дека тие нарко кланови претходно се пушкараа среде Скопје, се убиваа и брутално егзекутираа, а во исто време седеа во скутот на Спасовски. За сите други прашања СДС нека се обрати до нивниот заменски министер во МВР Бојмацалиев, кој веројатно не е зафатен со свечен пречек на пасоши“, пишуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Со Пресметка на криминалните групи се поврзуваше и пукањето во трговски центар каде мета беше Раде Трајковски – Штекли.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.