Ужасен почеток на годината: Починаа двете бебиња кои вчера беа тешко повредени во несреќа кај Нови Сад

Ужасен почеток на годината: Починаа двете бебиња кои вчера беа тешко повредени во несреќа кај Нови Сад

news
Advertisement

Advertisement

Две едномесечни девојчиња кои вчера беа тешко повредени во сообраќајна незгода во судир на два патнички автомобили на патот Нови Сад – Зрењанин, кај излезот за Жабаљ, им подлегнаа на повредите, изјави Александар Раденковиќ од Управата за сообраќајна полиција. Девојчињата вчера биле примени во Детската болница во Нови Сад со исклучително тешки повреди опасни по живот. Покрај нив, екипата на итната помош од Нови Сад згрижила и транспортирала двајца мажи на возраст од 43 и 34 години и една жена на возраст од 34 години. Сите со повеќе политрауматски повреди се пренесени во Ургентниот центар за реанимација, потврди за РТС портпаролот на Институтот за итна медицина, д-р Зоран Круљ. Според неофицијални информации, возачот на патничкото возило од засега неутврдени причини влегол во спротивната лента и директно се судрил со друг автомобил.

Advertisement