Ужас во Загреб: Ја принудувале ќерката да проси, ако одбиела – ја тепале со кабли, а со парите си купиле куќа

news
Advertisement

Мајката на 14-годишното девојче е уапсена поради сомнение дека таа и нејзиниот сопруг, очув на детето, со години ја тепале нејзината ќерка и ја терале да проси или да краде. Се започнало кога девојчето имало 12 години. Нејзините родители наместо да се грижат за неа, ја искористиле на најгруб можен начин. Сега и двајцата се под истрага поради сомнение за трговија со луѓе, пишува N1.

Advertisement

Ја терале да проси и да краде во многу земји, како Шпанија, Италија, Франција… Девојчето за тоа време не одело на училиште, немало здравствено осигурување и морало да се грижи за своите помали браќа и сестри.

Ужасот траел две години додека девојчето не успеало да побегне од куќата во која ја криеле родителите, заедно со останатите деца. Во прашање е вила во околината на Загреб.

Откако девојката пријавила се, полицијата упаднала во куќата каде била фатена нејзината мајка. Бидејќи е во блажена состојба, на полицијата и рекла дека и е лошо и дека се плаши од спонтан абортус.

Таа е пренесена во болница, каде е задржана на лекување. Штом ќе и дозволи здравствената состојба, таа ќе биде префрлена во истражниот затвор нареден од Жупанискиот суд во Загреб по барање на обвинителството.

Притвор му е одреден и на нејзиниот сопруг, кој успеал да побегне пред полицијата да упадне во куќата. Бидејќи има државјанство на БиХ и Србија, по него наскоро треба да биде распишана меѓународна потерница.

Девојчето во својата изјава навела дека нејзината мајка еднаш и ја скратила косата и и ги избричила веѓите. После тоа и рекла да оди во полиција и да пријави дека некој ја нападнал. Таа не го направила тоа.

Девојчето рекло дека нејзините родители парите што ги добила од просење ги инвестирале во недвижнини низ цела Хрватска и Босна и Херцеговина. Кога одбивала да проси или да краде, мајката и очувот ја претепувале со кабли и ремени.

Извор: https://www.vecer.press/%D1%83%D0%B6%D0%B0%D1%81-%D0%B2%D0%BE-%D0%B7%D0%B0%D0%B3%D1%80%D0%B5%D0%B1-%D1%98%D0%B0-%D0%BF%D1%80%D0%B8%D0%BD%D1%83%D0%B4%D1%83%D0%B2%D0%B0%D0%BB%D0%B5-%D1%9C%D0%B5%D1%80%D0%BA%D0%B0%D1%82%D0%B0/

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.