Ужас во училиште во Белград: ученик почнал да пука, го убил чуварот, ранил повеќемина

news
Advertisement

14-годишното момче пукало во ОУ „Владислав Рибникар“. Полицијата рекла дека сѐ се случило на час, кога момчето извадило пиштол и почнало да пука. Тој испукал неколку истрели.

Advertisement

Убиен е чуварот, а не се знае точниот број на повредените ученици. Сè траело неколку минути, рекла полицијата.

Според неофицијални информации до кои дошла ТВ Прва, момчето на училиште дошло со пет полни шаржери. Исто така според неофицијални информации, застрелани се две момчиња, кои се пренесени во Ургентниот центар, додека медиумите јавуваат дека не се знае дали две девојчиња се живи. Се јавува и дека ученикот пукал во наставничката за време на часот по историја. На терен се три екипи на Брза помош и голем број полицајци. Децата се изнесуваат од училиштето. Истрагата е во тек.

На местото на настанот излегла и министерката за здравство на Србија, која според снимките од камерата на ТВ Прва, била видно потресена.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.