Уживајте во сонцето и високите температури уште неколку дена, доаѓа интензивен ВЛАЖЕН БРАН и голем ПАД на температурите – Метеоцентар со детална прогноза

news
Advertisement

Од вторник облачноста ќе се зголеми, а во среда кон крајот на денот и во четврток претпладне ќе има врнежи од дожд. Дневната температура од четврток ќе се намали за околу пет степени. Потоа нов поинтензивен влажен бран се очекува во петок кон крајот на денот и во сабота.

Advertisement

Прогноза за 31.10.2023
Минимална температура: 2°C до 10°C
Максимална температура: 20°C до 26°C

Умерено до значително облачно. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, кој вдолж Повардарието наместа ќе засилува.

Прогноза за 01.11.2023
Минимална температура: 6°C до 13°C
Максимална температура: 19°C до 26°C

Променливо облачно, кон крајот на денот и во текот на ноќта со локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Прогноза за 02.11.2023
Минимална температура: 5°C до 13°C
Максимална температура: 15°C до 22°C

Претпладне облачно со повремен дожд, попладне облачноста ќе се намали.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.