УСТАВНИТЕ ПРОМЕНИ СЕ „ВЕСЕЛА МАТЕМАТИКА“ Власта задоволна од започнатата дебата, но опозицијата останува против

news
Advertisement

Според опозицијата, не е точно дека фалат уште осум пратеника до потребното мнозинство за гласање, туку има пратеници од владејачкото мнозинство, вклучително и од СДСМ, кои се против уставните измени.Власта и опозицијата и понатаму остануваат на своите позиции за уставните измени. За власта, уставните измени се отворање на патот кон ЕУ и оваа тема не треба да се киднапира поради партиски интереси, а опозицијата, која е против уставните измени, бара измените да бидат ставени на гласање и да се оди на избори.

Advertisement

Според министерот за надворешни работи Бујар Османи, добро е што во Собранието почнала дебатата за уставните измени, а фактот дека нема реакции од граѓаните, експертите и невладините организации покажува дека нема ништо проблематично во овие измени.Ако имаше проблем со уставните измени, досега ќе вриеше од прес-конференции, ставови на различни експертски групи и невладини организации дека има нешто проблематично во уставните измени. Најважно е да се вратиме на содржината на измените и да видиме дали има нешто проблематично – рече вчера Османи, додавајќи дека недостигаат околу осум пратеници за потребното мнозинство за гласање на овие измени.

Опозицијата, пак, преку соопштение вчера потврди дека останува на ставот за неприфаќање на уставните измени под, како што велат, бугарски диктат и ја повика власта да ги стави измените на гласање.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.