Уставни промени или предвремени избори

news
Advertisement

Поблиску сме до предвремени парламентарни избори, отколку што овој пратенички состав има шанси да гласа за уставни измени. Дел од пратениците сметаат дека се отвора непотребна медиумска расправија меѓу најголемите партии, во услови кога сме далеку од консензус и граѓанска поддршка за ова прашање.

Advertisement

“Сосема е извесно дека овој пратенички состав нема да може да направи уставни измени. Треба да се размислува за отворање на дебата за одржување на предвремени парламентарни избори или како втора опција, да се направи широка влада која ќе ја решава тешката состојба во државата поврзана со енергетската и економската криза и со стабилноста на земјата поврзана со војната во Украина. Ние како ДС бараме реципроцитет – ако се вградат Бугарите во Уставот, тогаш да бидат признаени и правата на Македонците во Бугарија и тоа е нашиот услов” изјави Трајанов

Со изјавите и очекувањата на премиерот – дека сите 120 пратеници треба да ги поддржат уставните измени и дека народните избраници имаат обврска пред граѓаните за европската иднина на Македонија, не се согласува пратеникот Стоиљковиќ.

“Премиерот е во право, но премиерот заборава дека и тој има обврска пред каква било одлука да се консултира со опозицијата, да ги претстави договорите пред пратениците, а не пред нив да се појавува со готови решенија. И на само што се појавува со готови решенија, туку на секој начин сака да ја избегне улогата и одговорноста што ја има Парламентот. Од тој аспект, претениците имаат свои обврски, но и Владата си има свои. Далеку сме од консензус по ова прашање и не сметам дека овој пратенички состав ќе направи уставни измени”

И Трајанов и Стоиљковиќ сметаат дека СДСМ и ВМРО ДПМНЕ ќе продолжат со препукувања на оваа тема и во наредниот период, која може да биде и главна во предизборната кампања на наредните избори, кога и тие да се случат.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ вчера во Дневникот на Сител повтори дека партијата не се откажува од одржување на референдум, а во вакави околности ниту еден пратеник на опозицијата нема да поддржи внесување на Бугарите во Уставот.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.