Училиштето „Македонија“ во турскиот град Малатија – симбол на пријателството и соработката меѓу двата народи

news
Advertisement

Училиштето во турскиот град Малатија кое го носи името „Македонија“, во знак на благодарност за помошта по земјотерсите што ја зафатија Турција во февруари годинава, ќе започне со настава на 11 септември. Училиштето е на површина од 8.656 метри квадратни и има 24 училници именувани по градовите Скопје, Тетово, Охрид, Штип, Куманово…

Advertisement

Како што соопштија од Стопанската комора на Македонија-Турција (МАТТО), училиштето го симболизира духот на пријателството и соработката меѓу двата народи. Овој проект, нагласуваат од МАТТО, освен што ќе биде еден дополнителен мост за поврзување на народите од двете држави, ќе биде уште една гордост на сите граѓани на Република Турција кои потекнуваат или имаат корени од нашата држава.

Училиштето е изградено со донацијата од еден милион евра, во која учествуваа членките на МАТТО, а со поголема сума учествуваше Црвениот Крст на Македонија. Станува збор за донација со која се изгради едно од стотината срушени училишта во реонот Малатија. Протоколот за соработка за изградба на училиштето беше потпишан во јули годинава од страна на МАТТО и подрачната единица на министрите за образование на Република Турција, и Валијата на Малатија.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.