Уште една жртва во Есен од Македонија, избодена Македонка од Кавадарци до смрт

news
Advertisement

Жена (41) по потекло од Кавадарци била избодена до смрт од нејзиниот сопруг пред нивниот 8-годишен син, јави Билд. Ова убиство се случило пред една недела во стан во Есен. Нејзините повреди биле толку тешки што искрварила до смрт. Нејзиниот сопруг, Македонец, се обидел да избега, но бил фатен во соседниот град Гелзенкирхен.
Полицијата ја известил постариот син (16) на жртвата кој кога дошол дома го нашол помалиот брат како стои пред заклучената врата од станот.
Полицијата во Есен информира дека на самото место имало докази за 47-годишен осомничен (Македонец), кој е сопруг на починатата жена.
Пред една недела германските медиуми јавија дека во Есен вербалната расправа меѓу двајца Еритрејци (25, 29) и еден 32-годишен македонски државјанин завршила со физичка пресметка по која Македонецот подлегнал на повредите.

Advertisement
Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.