Фатен битолчанец кој изврши рекорден број тешки кражби за кратко време

news
Advertisement

Против 32-годишник од Битола е поднесена кривична пријава затоа што извршил 7 кривични дела.

Advertisement

Од МВР со деталите за случајот:

-Крималистичката полиција при СВР Битола до ОЈО Битола поднесе кривична пријава против М.А.(32) од Битола затоа што во период од месец март до месец септември 2022 година извршил седум кривични дела од кои една разбојничка кражба, четири кражби, една тешка кражба и едно загрозување на сигурноста со опасно орудие, сите на подрачјето на Битола,при што влегувал во куќи и станови и одземал пари, златен накит и други предмети со што се стекнувал со противправна имотна корист – се вели во соопштението на МВР.

Последното кривично дело е извршено на 27.09.2022 во Битола, каде заедно со друго лице со цел да прибават противправна имотна корист сториле кривично дело “Разбојничка кражба“ во берберница, при што одзеле пари од касата и физички го нападнале сопственикот.

Од МВР велат дека од собраните материјални докази и извршените оперативни проверки и извршени разговори со пријавителите и сведоците, како и извршено препознавање од нив, лицето е лишено од слобода, приведено во полициска станица Битола, при што истиот дел од кривичните дела ги признало во целост.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.