Фатен во царина, наш возач шверцувал заштитени видови во автобус – што се криело во автобусот?

News

Бугарските царински служби на граничниот премин Капитан Андреево открија и запленија пет живи егзотични корали, сокриени во багажниот простор на патнички автобус. Од Царинската агенција велат дека ова е прв ваков случај во нивната пракса – досега биле откривани само фосилизирани корали.

Коралите биле пронајдени при рутинска контрола, спакувани во стиропорска кутија и пластични ќеси со вода, скриени меѓу патничкиот багаж. Еден од возачите признал дека коралите се негови, но не приложил документација за потекло и легален транспорт.

Станува збор за 33-годишен македонски државјанин Р.С., кој ќе одговара за шверц според одредбите од бугарскиот Царински закон, а примероците се одземени и лицето е санкционирано. Во исто време, и вториот возач тврдел дека коралите се негови, но исто така не доставил дозволи.

Запленетите корали се пренесени во Регионалниот музеј за природна историја во Пловдив, каде се сместени во специјализирани аквариуми. Директорот на музејот, Огњан Тодоров, изјави дека еден корал угинал за време на транспортот (најверојатно поради ниска температура), еден е во нестабилна состојба, а три се во добра форма.

Царината потсетува дека трговијата со заштитени видови како коралите е строго регулирана со CITES, и за легален пренос се потребни дозволи и од земјата извозник и од земјата увозник. Според проценки, коралите најверојатно биле набавени од специјализирана продавница во Турција, но пренос преку граница без документи е сериозен прекршок.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *