Ќе барам Владата да го стопира изборот на републички јавен обвинител, вели за Фокус, обвинителката Фатиме Фетаи.
Фетаи, која вчера беше исфрлена од трката за републички јавен обвинител од Советот на јавните обвинители, поради некомплетна документација, појаснува дека не се откажува и не запира тука, бидејќи во целост ги исполнува законските услови.
„Заради повреда на моето право за понатамошно учевство во постапката за именување на ЈОРСМ, во текот на утрешниот ден и писмено ќе се обратам до Советот на јавните обвинители со образложено барање за преиспитување на Одлуката за отфрлање на документацијата како некомплетна“, изјави Фетаи.
Професорот по кривично право, Гордан Калаџиев на својот Фејсбук профил остро реагира на можноста Љупчо Коцевски да стане јавен обвинител, откако Фатиме Фетаи отпадна од игра зараади нецелосна документација, а за Лидија Раичевиќ, немаше пофални зборови, па единствен кандидат кој остана беше Љупчо Коцевски.