ФИНАНСИКА ПОЛИЦИЈА ЦЕЛ ДЕН ПРОВЕРУВА ДАЛИ ДАНЕЛА ЗАКОНСКИ ГО УКРАСИ СКОПЈЕ, ТАА СЕ СЛИКАШЕ КАКО ИГРА ШАХ СО ДЕДО МРАЗ

news
Advertisement

Финансиската полиција денеска влезе во Град Скопје за да провери како градоначалничката Данела Арсовска одбрала фирма која ќе го краси градот и ќе организира новогодишен базар и прослава на Нова година на Плоштадот Македонија. Арсовска пред десетина дена кажа дека Скопје ќе биде украсен за Нова година и тоа ќе чини 30.000 евра, но не кажа кој ќе украсува и кој ќе го организира новогодишниот базар. На страната на Бирото за јавни набавки нема тендер за новогодишно украсување, ниту пак јавен повик има на страната на Град Скопје.

Advertisement

Од Финансиската полиција потврдуваат дека денеска нивни тимови влегле во Град Скопје и во текот на целиот ден се вршеле сериозни проверки за тоа како и колку пари се потрошени за украсувањето.

„Имајќи предвид дека сите дејствија преземени во предистражната постапка, согласно член 289 од Законот за кривична постапка, се сметаат за тајна, за добиените пријави и сознанија на евентуално сторени инкриминирани дејствија од страна на одговорни лица, Управата за финансиска полиција ќе достави соодветен писмен поднесок до надлежниот Јавен обвинител“, велат од Финансиска полиција.

Додека Финансиската полиција беше во Град Скопје, градоначалничката Арсовска на својата официјална фејсбук страна објави фотографија на која таа игра шах со Дедо Мраз, проследено со коментарот „Во исчекување на резултатите од истрагата за елката…“.

ФИНАНСИСКА ПОЛИЦИЈА В ПОНЕДЕЛНИК ВЛЕГУВА ВО ГРАД СКОПЈЕ ДА ПРОВЕРИ КОЛКУ И КАКО ДАНЕЛА ПОТРОШИЛА ЗА УКРАСУВАЊЕТО
ДАНЕЛА КРИЕ КОЈ ГО КИТИ СКОПЈЕ ЗА 30.000 ЕВРА, А ЗА ТОА НЕМА ЈАВНА НАБАВКА

НИ ТЕНДЕР, НИТУ ЈАВЕН ПОВИК ЗА 30.000 ЕВРА КОИ ДАНЕЛА ВЕЛИ ГИ ПОТРОШИЛА ЗА УКРАСУВАЊЕ НА СКОПЈЕ

САКАМДАКАЖАМ.МК минатата недела истражуваше и пишуваше дека за новогодишното украсување на градот нема ниту јавен повик ни јавен конкурс. Арсовска вели дека имало јавен повик, но не го покажува и не одговара на нашите прашања кој го добил повикот и која е фирмата која украсува, кој ги поставува куќарките на Плоштад Македонија, кој ќе пее за новогодишната прослава и колку ќе бидат платени пејачите.

На веб-страната на Град Скопје, на која се објавени сите јавни повици врз основа на што се информира јавноста и оние кои сакаат да конкурираат, повик за новогодишно украсување нема. Редакцијата САКАМДАКАЖАМ.МК упорно проверуваше на веб-страната на Град Скопје во делот каде стојат јавни повици. Но, таму нема повик за украсување, ниту за организирање на новогодишен базар или новогодишна прослава. Објавени се само јавни повици за член на партиципативно тело за урбанизам, за повластен јавен превоз за лица со посебни потреби, за лиценци за авто-такси превозници, за доделување финансиски средства за проекти од областа на спортот и младите и други.

Тендер за новогодишно украсување нема ниту на страната на Бирото за јавни набавки. Град Скопје има склучено договор само за набавка на новогодишни пакетчиња. И да е новогодишното украсување подарок од општествено-одговорни фирми, како што велеше Арсовска за минатите две години, тоа треба јавно да се декларира, оти постои опасност од корупција ако тие фирми добиваат тендери од Градот во иднина. Освен тоа, и да е подарок, тој што решил да донира, треба да плати данок. Тој што решил да даде донација согласно Закон за донации и спонзорства треба да спроведе процедура за да добие решение од Министерство за правда за ослободување на данок односно донација од јавен интерес.

Данела Арсовска на локалните избори во 2021 година беше кандидатка за градоначалник поддржана од ВМРО-ДПМНЕ.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.