Финците најсреќни, Авганистанците најнесреќни, Македонците на 84 место

news
Advertisement

Светскиот извештај за индекс за среќа што ја објавува мрежата за решенија за одржлив развој при Обединетите нации ја рангираше Македонија на 84 место, додека младите под 30 години во земјава се нешто посреќни и се наоѓаат на 67. место.
Истражувањето се заснова на проценката на луѓето за нивната среќа, како и на економските и социјалните податоци. Извештајот разгледува шест клучни фактори: социјална поддршка, приход, здравје, слобода, благосостојба и недостиг на корупција. Финска е најсреќна земја во светот освојувајќи ја титулата седма година по ред. што се однесува на земјите од регионот, Словенија е на 21. место, Косово е на 29., Србија е на 37. место, Хрватска е на 63, Грција на 64.,, Бугарија на 81 место, Албанија на 87. украина е на 105. место, а палестинските територии на 103. место. Авганистан откако Талибанците се вратија на власт во 2020 година, е на последното место од 143 земји. А на врвот на глобалното рангирање се скандинавските земји.

Advertisement
Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *