Фондот го врати Здравство 20 години назад, рачно и на жими мајка до понеделник ги бара податоците за плати, реагираат лекарите

news
Advertisement

Најдоцна до понеделник Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) ја очекува потребната документација за исплата на плати од сите јавни здравствени установи, по сајбер-нападот на системот за работа во оваа институција од почетокот на минатата недела. Целта на собирањето на податоците на овој начин е што поскора исплата на платите на здравствените работници кои се заканија со штрајк оти законскиот рок да ја добијат платата за јануари истече вчера.

Advertisement

Добивај вести на вибер
„Доколку сите ЈЗУ го исполнат овој рок, согласно протоколот за исплата на плати, исплатата се очекува да биде веќе наредна недела“, соопшти Фондот за здравство.

Ваквиот повик предизвика револт кај јавните здравствени установи кои добиле посебни инструкции како да постапуваат додека трае нападот.

„Со ваков начин на работа, Фондот не врати 20 години назад. Платите се изработуваа вака пред две децении, рачно, а освен тоа податоците што ќе ги добие се на ‘жими мајка’, без можност за проверки“, се жалат здравствени работници.

Фондот сè уште е под напад, податоците на осигурениците сè уште се недостапни, но од таму уверуваат дека нема украдени податоци и дека со привремени решенија се надминуваат дел од проблемите.

Во однос на исплатата на боледувањата, породилното отсуство и рефундацијата, Фондот најавува дека ќе се чека ставање на системот во целосна функција кога ќе бидат исплатени сите обврски на ФЗО кон осигурениците, но и кон здравствените установи.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.