(фотографии) ЦРНА НОВОГОДИШНА НОЌ: Петмина загинати од огномет и петарди на новогодишната ноќ во Германија

(фотографии) ЦРНА НОВОГОДИШНА НОЌ: Петмина загинати од огномет и петарди на новогодишната ноќ во Германија

news
Advertisement

Во Германија пет лица загинаа во Новогодишната ноќ, а повеќе се повредени во експлозии на петарди и огномет, пренесува Феникс магазин.

Advertisement

За време на новогодишната прослава пет лица го загубија животот поради експлозија на петарди и огномет. Несреќите се случиле во Северна Рајна-Вестфалија, Хамбург, Саксонија, Бранденбург.

Во германската сојузна покраина Северна Рајна-Вестфалија (NRW), 24-годишен маж загина поради експлозија на рачно изработен огномет.

Во Саксонија двајца мажи им подлегнаа на тешките повреди здобиени при палење огномет, додека во Хамбург 20-годишен маж загина од експлозија на сферична бомба. Полицијата во Бранденбург пријавила и еден смртен случај.

Во Гесеке (Северна Рајна Вестфалија) несреќата се случила околу 22 часот и 40 минути, кога еден млад човек го загубил животот во трагичен исход од палење на направа која требало да предизвика огномет.

Според полициските информации, 24-годишникот славел со семејството во гратче во квартот Соест. Во придружба на други гости отишол да постави огномет. Според првичните истраги, тој се оддалечил од групата за сам да го постави огнометот. Силата на експлозијата била толку силна што предизвикала сериозни повреди, а немало сведоци на моментот на несреќата.

Според информациите на германски БИЛД, мажот сам направил се што е потребно за огнометот. Експлозијата била толку силна што делови од телото биле ампутирани. Жителите во радиус од повеќе од 500 метри слушнале исклучително силна детонација.

Два смртни случаи во Саксонија

Во Ошац (Саксонија), 45-годишен маж околу 22:15 часот запалил голем огномет од категоријата Ф4, чија употреба во Германија е дозволена само за лица со посебна дозвола. Мажот се здобил со сериозни повреди на главата и набрзо починал во болница.

Втората несреќа се случила во Харта, недалеку од Дебелн, каде 50-годишен маж запалил кугласта бомба пред членовите на семејството. Експлозијата предизвикала фатални повреди, а мажот починал на местото на настанот. Полицијата се уште ги истражува околностите на инцидентот.

Смрт на 20-годишник во Хамбург

Во Хамбург-Охсенвердер, според првичните информации, 20-годишен маж се обидел да активира кугласта бомба користејќи пластична цевка, но експлозијата се случила прерано. Службите за итни случаи не успеале да го спасат младиот човек, а на местото на настанот бил повикан експерт за експлозиви за да ги обезбеди остатоците од огнометот и цевките.

Петта жртва во Бранденбург

Полицијата во Бранденбург пријави петти смртен случај. Едно лице загина во несреќа со огномет во областа Оберхавел, но деталите за овој инцидент се уште не се познати. Полицијата врши увид.

Овие трагични настани уште еднаш укажуваат на опасностите поврзани со несоодветното ракување со огномет и употребата на импровизирани експлозивни направи.

Advertisement