(Фото) Арамии крадат бакарни кабли и во опасност ја доведуваат безбедноста на пругата пред железничката станица во Скопје

news
Advertisement

Несовесните граѓани го доведуваат во безбедносни ризици мнозинството во главниот град во земјава Скопје. Сеуште се свежи сеќавањата, а последиците не се санирани во целост на опожарениот мост „Беласица“ каде во мај годинава изгореа топловодните цевки, а од безбедносни причини четири месеци мостот беше целосно затворен за секаков вид на сообраќај. Настана хаос по улиците во Скопје. Долги колони автомобили по алтернтивните улици, нервозни возачи, доцнење на работните места… По четири месеци анализирање сообраќајот делумно е вратен во функција по мостот „Беласица“, но ситацијата е далеку од нормална.

Advertisement

Од оваа хаотична ситуација надлежните не извлекоа поука. Арамии во потрага по извори за егзистенција без многу да размислуваат какви последици можат да предизвикаат изминативе денови интензивно оперираат на пругата пред влезот во железничката станица во Скопје. На тој потег ги корнат дебелите бакарни кабли и истите потоа ги продаваат. Во опасност ја доведуваат безбедноста на луѓето кои патуваат со и онака малубројните возови кои се сообраќаат.

Загрижени се и жителите кои живеат во близината на насипот по кој води пругата до станицата, поради прекинување на електричните инстилации да не се случи несреќа, па некој од вагоните да им заврши и во дворовите.

Деновиве токму тие се саморганизирале и ги затекнале арамиите како ги корнат од каналите дебелите кабли, ги разголуваат и ги пакуваат во вреќи за да ги транспортираат.

Како велат мештаните ги алармирале и надлежните, но пустошот долж пругата продолжува.

-Редовна појава е во вечерните часови да дојдат неканетите гости, откако во текот на денот ќе ја снимат ситуацијата на теренот и со првиот мрак се пуштаат во акција. Корнат кабли, а тие што неможат да ги прекинат ги положуваат на шините, па откако ќе помине воз и истите ќе ги прекине на помали парчиња, доаѓаат да ги соберат, велат мештаните, кои и ја документирале со фотографии последната непријатна случка со кредење на бакарните кабли.

Јавното претпријатие МЖ – транспорт како и инфраструктура, си има други главоболки, со беспарица, па одржувањето и некогаш редвоното надгледување на пругата по која се движат возовите е заборавено. Овој момент без контрола максимално го користат арамиите.

Сликата ќе биде ваква се додека не се случи некоја несреќа, па потоа ќе се бараат виновниците како со пожарот под мостот „Беласица“.

ИЗВОР: https://24info.mk/2023/11/06/%d1%84%d0%be%d1%82%d0%be-%d0%b0%d1%80%d0%b0%d0%bc%d0%b8%d0%b8-%d0%ba%d1%80%d0%b0%d0%b4%d0%b0%d1%82-%d0%b1%d0%b0%d0%ba%d0%b0%d1%80%d0%bd%d0%b8-%d0%ba%d0%b0%d0%b1%d0%bb%d0%b8-%d0%b8-%d0%b2%d0%be/

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.