(Фото) И Вучиќ чекаше ред за да гласа

news
Advertisement

Србија денеска избира нов парламент, на неполни 18 месеци од последните парламентарни избори. Фаворит на предвремените избори е десничарската националистичка Српска напредна партија (СНС) на претседателот Александар Вучиќ. Избирачките места се отвораат во 7 часот, а се затвораат во 20 часот. Српскиот претседател Александар Вучиќ нешто пред девет часот пристигна на избирачкото место во Нов Белград.

Advertisement

Тој дошол сам на гласачкото место и чекал во ред за гласање четириесетина минути, јавува репортерот на ФоНет.

Првите резултати се очекуваат доцна навечер во недела.

Последните анкети и даваат мнозинство на Српската напредна партија на претседателот Александар Вучиќ, со 40 до 45 отсто од гласовите.

Вучиќ изминативе денови речиси секој ден се појавуваше на телевизија за да повика да се гласа за СНС, сугерирајќи дека постои опасност од хаос во земјата. Според неколку студии, владата е фаворизирана во медиумите, а само претседателот зазема 40 отсто од времето посветено на вестите.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.