ФОТО: Километарски колони за влез во Македонија вечерва на овој премин

ФОТО: Километарски колони за влез во Македонија вечерва на овој премин

news
Advertisement

Advertisement

Километарски колони за влез во земјава од Србија на граничниот премин Табановце. Граѓаните со часови се заглавени во своите возила и во автобуси и чекаат за влез во земјава. Од полициската станица на граничниот премин Табановце одговорија дека сите ленти се полни, има огромна гужва, во 6 колони, од кои 3 се за приватни возила, една колона се автобуси, и 2 се за камиони, и дека не можат ништо да сторат, и колоната се создава уште на српската страна. Главниот проблем е напливот на вработени во странство, македонски и странски државјани кои транзитираат низ земјава, кои се упатиле во своите земји за новогодишните и божиќните празници.

Advertisement