ФОТО | Луксузна забава: Агнеса Органџиева го прослави 39-тиот роденден

news
Advertisement

Кристална торта на два спрата, гарланд од стотици балони во црна и сребрена боја, свеќи, многу подароци и цветни букети беа само дел деталите и подароците на роденденската прослава на Агнеса Органџиева, правник, мајка и инфлуенсерка.

Advertisement


Органџиева, својот роденден го прослави во кругот на најблиските пријатели во еден познат скопски ресторан, а меѓу гостите можеа да се забележат и бројни личности од јавниот живот.


Органџиева сподели фотографија на која позира со голем букет од бели рози пред роденденскиот гарланд на кој беше испишана пораката:


„Една и единствена – Агнеса“ – пишува на роденденската декорација.

Таа на својот инстаграм – профил, брои над 100.000 следбеници, а најчесто споделува фотографии од приватниот живот, спомени од годишните патувања како и овековечени моменти минати со семејството и пријателите.


По осумнаесет години брак со поранешниот директор на Агенцијата за електронски комуникации – АЕК, Роберт Орданоски, Агнеса реши да стави крај на заедничкиот живот и да продолжи понатаму.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.