(ФОТО) Македонската водителка го пронајде својот принц: Мислев дека има само во бајките, но постојат и во реалниот живот

news
Advertisement

Пошироката јавност и публиката ја знае како едно од највпечатливите и најведри ТВ лица што некогаш се појавиле на ТВ екраните во македонскиот етер, но кариерата таа ја започна како манекенка и модел уште како тинејџерка, на 17 годишна возраст.

Advertisement

Модната писта и снимањето на ТВ рекламите нема никогаш сосема да ги напушти, иако по препорака на една нејзина тогаш поискиусна колешка, Живкица Ѓурчиновска, сега Каленикова и модниот стилист Александар Билјановски – Дадар, ќе застане пред ТВ камерите.

Канал 5 и тогашната програмска директорка на телевизијата, Весна Петрушевска – Бејби ќе и ја пружат првата шанса. Презентирањето на временската прогноза ќе биде она нешто по што ТВ гледачите ќе почнат да ја препознаваат Ведрана Ѓорѓевиќ.

Ведра, позитивна, насмеана, амбициозна. Така во кратки црти ќе се опише амбициозната Ведрана. Ат рактивната убавица со виткана коса, која го носи шармот во својата насмевка.

Убавото македонско девојче со години беше дел од забавната емисија „Тротоар“, потоа задно со Димитар Атанасовски го водеше македонското музичко талент ТВ шоу „Сите наши песни“ на МТВ, па од утринската програма на МТВ…

По работата во медиумите наеднаш ја снема, па работеше како туристички водич во една позната скопска туристичка агенција.

Еден период живееше во Холандија заедно со своето поранешно момче, но сега е повторно тука и јавноста ја гледа секој викенд заедно со водителот Миро Кацаров како домаќини на забавниот ТВ магазин насловен „Златен тепих“ (Голден Карпет) на Канал 5 ТВ.

Она што може да се забележи од фотографиите кои ги објавува на социјлните мрежи е тоа дека водителката изгледа неверојатно, но и дека навистина вложува во својот изглед.

Задоволна сум и среќна, иако на нас жените секогаш нешто ни фали и велиме може и подобро. Мислам треба да научиме да се сакаме себеси онакви какви што сме, да не бидеме прес троги кон себе и да уживаме во нашето тело, изјави Ведрана.

-До сега имам направено 4 и мислам дека нема да застанам тука, но ги правам дозирано на неколку години по една. Првата ја направив на 18 години. Првата тетоважа ми се букви ,,Independent“ или независна…

Тоа не се промени до ден денес. Многу ми е важно да сум независна и слободна, сепак сум Риба а рибата е најсреќна само кога може слободно да плива, вели Ведрана.

Една од тетоважите на стапалото и е карта на светот и како што вели повторно е со значење зашто таа обожава да патува, да станува побогата и поискусна. Самото место на тетоважата асоцира на тоа дека нејзините стапала ќе го прошетаат светот.

Водителката тоа и го докажува затоа што често знае да отпатува на некоја позната, егзотична дестинација. Претходната година со нејзиниот партнер беа на одмор во Шпанија, а оваа година на една од најпосакуваните дестинации.

Имено, периодов тие се во можеби една од најубавите дестинации за одмор на светов – Малдиви. Нејзиниот дечко работи како диџеј, неговото вистинско име е Андрија Антиќ и потекнува од Србија.

Од споделените фотографии и видеа на социјалните мрежи се гледа дека навистина уживаат во нивната љубов, но и во прекрасната кристално чиста вода на Индискиот Океан.

Летово со својот партнер навистина шетаа, а тоа го прават се уште откако деновиве беа во соседна Србија во Националниот парк Ѓердап каде ја посетија тврдината Голубац.

Ведрана притоа објави низа фотографии на својот Инстаграм профил каде што и напиша:

Мислевте дека замоци има само во бајките.Секако дека не, исто како и ,,принцовите,, (види слика 9) постојат и во реалниот живот.

Само треба да го најдеш оној што повеќе ќе те сака и помалце ќе те разбира зошто е нели од друга планета

Ова откритие беше прекрасно доживување за мене, па сакав да го споделам со вас. Јас се осеќав ма гично како Алиса во земјата на чуд ата.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.