(ФОТО) Објавени нови сметки за струја, граѓаните алармираат: „Пазете со ЕВН!“ „Говеда лоповски“

news
Advertisement

Во последните неколку дена, граѓаните на социјалните мрежи постираат сметки, на кои се гледа дека тарифата за пренос на струја, некогаш достигнува иста или дури и поголема сума од самата сметка за потрошена електрична енергија.

Advertisement

Две реакции има и во текот на вчерашниот ден:

„Пазете со новите сметки на ЕВН, исто како и со парното лажни се и крадат струја. На нашиот струјомер е мерено едно денеска и забележано со фотографија, а испаѓа дека и после 7 дена јас таа струја што ми ја имаат наплатено до 26.08.2022 сѐ уште ја немам потрошено“, пишува во една од објавите, а потоа се додава: „Фотографирајте си ги постојано струјомерите, еве конкретен доказ дека ЕВН крадат и наплаќаат. Да не кажам дека мрежарината ми е дупло поскапа од струјата што сум ја потрошила. Говеда едни лоповски!“.

Друштво погледнете ја сметката за струја, потрошени електрична енергија во вредност од 71.231 денар а надомест за пренос и дистрибуција 384.509 денари!!! Ваква кражба може да ја има само со согласност од власта, и трпете си, ќутете си, па и на ваша глава ке дојде таква сметка после ке се чудите кој ке ви помогне!!! П.С ако сакате да спиете мирно, време е да се разбудите од 30 годишниот сон!!!“, пишува во друга објава.

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ), Марко Бислимоски вчера ги коментираше сметките и мрежарината.

-Откога се наплаќа електрична енергија во Македонија некаде од педесеттите отсекогаш се плаќало за производство на електрична енергија или за набавка доколку имало потреба од увоз, за пренос на електрична енергија за да помине електричната енергија низ преносната мрежа, која што е на висок напон од 110 киловолти до 400 киловолти и се плаќало за дистрибуција на електрична енергија. Со последните одлуки на РКЕ нашето законодавство и нашите одлуки ги усогласивме со европската пракса и сега граѓаните добиваат посебна цена за електричната енергија како продукт и цената за секој блок за да знаат колку ги чини електричната енергија и добиваат посебна ставка за користење на преносната и дистрибутивната мрежа, рече Бислимоски на денешната прес-конференција.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.