Почина градежниот работник кој беше повреден во несреќа при градежни работи на улицата “Пиринска”, во Скопје, потврди МВР.
На 17.11.2023 во 15.33 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Пиринска“ во Скопје, на објект во изградба, при вршење работни задачи, Т.М. се здобил со тешки телесни повреди, по што е пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, каде во 16.50 часот починал, информира МВР.
Како што објавивме претходно, се работи за вработен во компанијата БИСИ, кој починал откако се превртел багер. На местото на настанот интервенирале екипи на брзата помош и полицијата и работникот бил пренесен во болница, каде за жал починал.
Од компанијата не беа достапни за коментар за настанот.
ИЗВОР: https://infomax.mk/%d1%84%d0%be%d1%82%d0%be-%d0%be%d1%80%d1%82%d0%b0%d0%ba%d0%be%d1%82-%d0%bd%d0%b0-%d0%b0%d0%bb%d0%b5%d0%ba%d1%81%d0%b0%d0%bd%d0%b4%d0%b0%d1%80-%d0%bd%d0%b8%d0%ba%d0%be%d0%bb%d0%be%d1%81%d0%ba%d0%b8/?fbclid=IwAR2Sl8mfPLV_sAGHrQvZ5uD9iDYTMXTdU23wXAurzR3L_ZyvyLiSoz0qptc