ФОТО Фотографијата од водителката која носи пиштол среде емисија стана вирална: Рекорден број издадени дозволи во Израел

news
Advertisement

Израелската водителка на вести Литал Шемеш се најде на насловните страници кога се појави во етерот со пиштол вметнат во панталоните среде емисија.

Advertisement

Сликата на Шемеш како носи огнено оружје стана вирална на социјалните мрежи, а многумина ја поврзаа со последиците од нападот на Хамас на 7 октомври и војната што следеше.

Како што можете да видите на сликата, и нејзиниот колега имал пиштол под кошулата.

Шемеш го отслужи својот воен рок, кој е задолжителен и за жените во Израел, во одделот за гранична полиција на ИД (Израелски одбранбени сили) на нејзино барање, од 2002 до 2005 година, т.е. за време на екот на втората интифада.

Во единица од околу 100 мажи, таа беше една од само петте жени.

„Израел се вооружува“, полесно до пиштолот

Во Израел, нација од девет милиони жители, околу 150.000 имаа приватни дозволи за оружје во 2021 година, бројка што се намали за околу 20 отсто во претходната деценија, според Министерството за национална безбедност. Повеќето такви дозволи се за пиштоли, пишува Њујорк Тајмс.

Но, по 7 октомври, Израелците поднеле најмалку 256.000 барања за дозволи за оружје, вклучително и многумина кои никогаш претходно не размислувале да поседуваат таква дозвола.

Сегашниот екстремно десничарски министер за национална безбедност на Израел, Итамар Бен-Гвир, долго време се залагаше за проширување на поседувањето оружје, а во средината на октомври пратениците го потпишаа законот усвоен од неговата канцеларија, кој го олеснува процесот.

Младите мажи со пушки закачени преку рамениците станаа вообичаена глетка во Израел.

Стотици илјади активни војници или резервисти го чуваат оружјето дома.

ИЗВОР. https://4news.mk/foto-fotografijata-od-voditelkata-koja-nosi-pishtol-srede-emisija-stana-viralna-rekorden-broj-izdadeni-dozvoli-vo-izrael/?fbclid=IwAR0ueoZ1RI9KWXgiogzuIiTKspsV7AmL6FBDzJmYwpmCAMSsei0UmJuNSFQ

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.