„Фридом хаус“: Северна Македонија има напредок, но и политичка дисфункција во 2022 година

news
Advertisement

Македонија забележала демократски напредок во изминатата година, се нотира во најновиот извештај „Нации во транзиција“ на „Фридом хаус“. Во него земјава е најдобро пласирана од сите држави од Западен Балкан со резултат од 48 поени од можни 100, има мал напредок, но, сепак, државата и натаму е во групата на транзициски или хибридни режими.

Advertisement

Се вели дека во државава има силна политичка поларизација, а парламентарните блокади го попречиле усвојувањето на законодавството на национално ниво.

„Во Северна Македонија силната политичка поларизација и парламентарните блокади го попречуваат донесувањето на легислативата на национално ниво, но постојаните подобрувања на локалните власти во транспарентноста, граѓанското учество и меѓуопштинската соработка имаа значително позитивно влијание врз демократијата и испораката на јавни услуги“, е наведњно во извештајот.

Македонија, на скалата за напредок која се оценува од 1-најниска оценка до 7-најдобра оценка, има највисока оценка во категоријата граѓанско општество каде има оценка 4,75, додека најниска е во категориите “корупција” и “судсла рамка и судска независност”, со резултат од 3.25.

Солидни оценки Македонија има и во категоријата “избори” (4,50) и “локално демократско управување” – 4.25. Во локалната демократија е забележан единствен напредок во однпс на лани во остиот извештај.

За општините е наведено дека немаат доволно финансии, но поради покачување на цената на струјата, преку ЗЕЛС организирано и заеднички барале повеќе средства и можности за финансирање.

Во категориите “независни медиуми” и “национално демократско владеење”, Македонија е на половина од скалата и има оценки по 3,50 и во двете графи.

„Фридом Хаус“ забележува дека ѓраѓаните од Западен Балкан се чувствувале напуштени од домашните елити кои се спротивставуваат на демократските вредности. Но, не само од домашните политичари, разочарување има и од односот на Европската Унија (ЕУ).

Во извештајот се нагласува дека ЕУ мора да го преиспита својот пристап и повторно да се ангажира на искрен начин.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.