ФС на Косово поднесе тужба против Пикси Стојковиќ

news
Advertisement

Фудбалски сојуз Косово во ФИФА поднесе тужба против селекторот на Србија, Драган Стојковиќ Пикси, поради, како што се наведува, неговите коментари на натпреварот од третото коло од групната фаза на Светското првенство против Швајцарија.

Advertisement

Во соопштението, меѓу другото, се посочува „бесмислената и апсурдна омраза со што се подгреа мислењето во соседната земја кон албанскиот народ“ и се бара реакција од ФИФА.

„Во текот на целиот натпревар се слушаше истакнувањето на пароли со политички пораки и расистички повици до Албанците, а ги пренесоа и светските медиуми. Бесмислена и апсурдна е омразата што со години го подгрева мислењето во соседната држава кон албанскиот народ воопшто. Федерацијата на Косово бара од ФИФА истрага за овој случај и санкции за Фудбалската федерација на Србија, за еднаш засекогаш да исчезнат фашистичките скандирања од фудбалските стадиони и настаните како што е Светското првенство“, се вели во соопштението и се додава.

„Никој не може да го разбере и оправда ваквото скандирање на навивачите на репрезентацијата која учествува на Светското првенство, особено сега кога е кревка бездносната ситуација во Европа, како резултат на неиспровоцираната агресија на Русија во Украина. Фудбалскиот сојуз на Косово цврсто ќе застане во одбрана на вредностите и достоинството на земјата и нејзиниот народ, но истовремено и во одбрана на вредностите кои фудбалот ги пренесува воопшто, а тоа се единството меѓу луѓето, надежта, радоста и страст за инклузивност. Тимовите и навивачите со однесување и филозофија на омраза не треба да имаат место на вакви важни спортски настани како што е Светското првенство во Катар“.

По вториот гол на неговата репрезентација против Швајцарија, селекторот на Србија пцуеше, а тоа го „уловија“ ТВ камерите.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.