ХАОС! Познатата пејачка нападната со снежни топки во нејзиниот настап во Чачак (ВИДЕО)

News

Синоќа настапот на пејачката Ана Бекута на градскиот плоштад во Чачак заврши со хаос. Настапот, за кој од градскиот буџет биле издвоени 4.500.000 динари (околу 40.000 евра), предизвика револт кај граѓаните кои излегле на плоштадот за да го искажат незадоволството.

Граѓаните сметаа дека парите требало да се искористат за помош на луѓето погодени од обилните снежни врнежи, наместо за новогодишен концерт. Како што покажуваат снимките од социјалните мрежи, Бекута била исвиркувана во текот на целиот настап и повремено гаѓана со снежни топки.

„Никогаш не сум доживеала вакво нешто во мојата 40-годишна кариера“, изјавила пејачката. Подоцна побарала помош од полицијата и се откажала од настапот на отворено, продолжувајќи да пее од комбето, но и тоа не ја смири толпата, која продолжила да ја исвиркува, објави Н1.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *