Хоџа го свика Централното собрание, дали ЕДП станува дел од Владата!?

news
Advertisement

Европската демократска партија денеска го одржа првиот состанок на Централното собрание на партијата. Ова преку социјалните мрежи го соопшти самиот шеф на оваа партија, Аријанит Хоџа.

Advertisement

„Прв состанок на Централниот совет на Европската демократска партија!
На оваа средба разговаравме за методологијата на избор на координаторите на Советите на општините како и членовите на Координативниот совет како привремено тело кое ќе служи за структурна организација на партијата“, напиша Хоџа на својата официјална страница на социјалната мрежа Фејсбук.

Од извори во ЕДП, порталот monitor.mk дознава дека на средбата се разговарало и за можноста ПДЕ да стане дел од Владата и да се натпреварува во заеднички листи со партиите што ќе го формираат Европскиот фронт на претстојните избори.
Според истите извори, се дознава дека се очекува ПДЕ да заземе неколку важни дирекции и позиции во извршната власт.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.