Хоџа: Единствената понуда што БЕСА може да ја прифати е парламентарни избори!

news
Advertisement

За разлика од Алијанса за Албанците, која се изјасни дека доколку има понуда за влез во парламентарното мнозинство, ќе ја разгледа, од опозициското Движење БЕСА велат дека единствената понуда што оваа партија може да ја прифати е предвремени парламентарни избори.

Advertisement

„Единствената понуда што Движењето БЕСА може да ја прифати е одење на парламентарни избори“, изјави за „Локално“, Аријанит Хоџа – потпретседател на Движењето БЕСА.

Коментирајќи ги случувањата во владеачката ДУИ, Хоџа нагласи дека сè додека случувањата во ова партија немаат епилог, „сметаме дека тие продолжуваат да бидат шоу за привлекување внимание од секојдневните проблеми на граѓаните“.

Од друга страна претседателот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, изјави дека доколку неговата партија има понуда за да и се приклучи на парламентарното мнозиство, истата би ја разгледале.

Ние не сме разговарале за такво нешто, сега сме фокусирани на реорганизација на партијата. Претежно сме на терен и разговараме, ги слушаме активистите и оние кои се симпатизери на АА. Не сме разговарале за условите за влез или излез, не сме биле во влада, не сме ни размислувале. Но, ќе видиме, ќе разгледаме доколку има таква понуда, но засега такво нешто нема“, изјави Таравари.Д.Ј.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.