Хрватска гласа за нов состав на Саборот

news
Advertisement

Хрватска гласа за нов состав на Саборот

Advertisement

Во Хрватска денеска се одржуваат 11-те парламентарни избори од прогласувањето на независноста во 1991 година. Во 7:00 часот отворени се над 6.500 избирачки места на кои ќе може да се гласа до 19 часот, до кога е во сила изборниот молк.

Во Хрватска денеска е неработен ден. Иако во Хрватска беше вообичаено да се оди на гласање во недела, овојпат изборите беа најавени за в среда. Не е првпат во Хрватска избори да не се одржуваат во недела – парламентарните избори во 2000 година се одржаа во понеделник, на 3 јануари, поради новогодишните празници.

Право на глас имаат 3.733.283 хрватски граѓани, што е за 127.000 или три отсто помалку од претходните парламентарни избори во 2020 година. Тие се поделени во вкупно 12 изборни единици: 10 се распоредени на територијата на сите окрузи во Хрватска, 11-та е гласот на дијаспората, а 12-та е составена од гласачи на националните малцинства.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.