Царината ги реши иновативните шверцери: Mакедонски државјанин скрил над 100.000 евра под акумулатор

news
Advertisement

Царинските инспектори од мобилните тимови од Секторот за контрола и истраги на граничниот премин Табановце во текот на минатиот викенд заплениле девизи кои македонски државјанин имал намера нелегално да ги внесе во државата, соопштија денеска од Царинската управа.

Advertisement

Поради сомневање, царинските инспектори извршиле детална контрола на возилото со кое лицето патувало и притоа во предниот дел од моторот под акумулаторот во фолија и во пластична зип кеса се пронајдени скриени странски девизи, за кои лицето не поседувало документ за потекло на парите и не ги пријавило, се наведува во соопштението.

До каде оди „креативноста“ на шверцерите!? Погледнете го видеото каде што колегите од мобилната царина откриваат девизи под акумулаторот во едно возило. Непријавените девизи се одземени, објави директорот на Царина, Стефан Богоев на неговиот фејсбук профил.

Согласно Законот за девизно работење, лицето сторило девизен прекршок и против него поднесена соодветна пријава.

Извор. https://infomax.mk/%d0%b2%d0%b8%d0%b4%d0%b5%d0%be-%d1%86%d0%b0%d1%80%d0%b8%d0%bd%d0%b0%d1%82%d0%b0-%d0%b3%d0%b8-%d1%80%d0%b5%d1%88%d0%b8-%d0%b8%d0%bd%d0%be%d0%b2%d0%b0%d1%82%d0%b8%d0%b2%d0%bd%d0%b8%d1%82%d0%b5-%d1%88/?fbclid=IwAR12Okl7g9e6toign0DfVVgwigXJD2iMryEA7jwLszJJ759EWlAc9BRXnt8

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.