Колку целата драма околу Охридскиот маратон? Срамота!

news
Advertisement

Само еден ден по информацијата која ја споделија од кабинетот на претседателот на државата, Пендаровски, дека годинава нема да се одржи Охридски пливачки маратон, денеска локалните власти во Охрид, соопштија дека тие најверојатно ќе го организираат. Но, сè зависи од тоа кој ќе дојде да плива.
„99% маратон ќе има. Разговарајќи со клубовите, ние имаме две-три години неисплатен награден фонд кон пливачите. И ние од сношти почнавме да пуштаме покани преку федерацијата. Првото и основно прашање е дали годинава ќе биде исплатен наградниот фонд. Пливаат заради одредена заработка“, рече Кирил Пецаков-градоначалник на Охрид.

Advertisement

Претседателот на државата секоја година се јавуваше како покровител. Но, сега се откажа поради блокирана сметка на пливачката федерација и лошо финансиско работење. За една трка со 30 пливачи, потребно е да се ангажираат околу 200 луѓе. Охридскиот маратон се плива од Свети Наум до Охрид со должина од 30 километри. Традиционално се одржува последната недела од август.

„….За 24 часа ние со Црвен крст можеме да го стокмиме маратонот утре да пливаме. Донесете вие пливачи и обезбедете ги средствата…“, рече Кочо Паскали-пливачки клуб Охридски бранови.

Од возобновувањето на маратонот во 1992 година, редовно секоја година имало финансиски проблеми.

„…Цела светска елита доаѓаше во Охрид. Но, имаше ред и поредок. Сметката на федерација е блокирана повеќе од 10 години…“, додава Паскали.

Градоначалникот Пецаков вели дека за да се организира пристојна манифестација, потребни се најмалку 50.000 евра. Охридскиот маратон годинава слави јубилеј 60 години постоење. Алсат испрати прашање и во Владата дали планираат финансиски да го помогнат настанот. Одговор не добивме.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.