Целиот ужас во Турција сумиран во зборовите на овој човек: „Ни викаат, но не можеме да помогнеме. Молете се, нема никој овде“.

news
Advertisement

Потрагата по преживеани во Турција и Сирија е отежната поради студот и постојаните земјотреси.
Во текот на ноќта беше почувствуван најсилниот земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала, а утрово Турција повторно беше погодена од два силни земјотреси.

Advertisement

Медиумите јавуваат дека ситуацијата е лоша и во Кахраманмарас, северно од Хатај, додека властите велат дека во градот се уништени дури 1.500 згради.

Жителите на тоа место, но и преживеаните велат дека состојбата е катастрофална, а од урнатините се слушаат повици за помош.

Ројтерс објави потресна снимка од маж кој стои пред урнатините и слуша затрупана жена која го моли да и помогне. Удира во нешто метално. Тој е очаен бидејќи не може да и помогне.

„Слушајте, викаат по нас, закопани се, викаат, но никој не доаѓа. Не можам да дојдам до нив. Како да ги спасиме кога од сабајле никој не е дојден. Бараат помош, слушајте ги“, вели Дениз кој плаче затоа што не може да стигне до преживеаните.

„Децата ни се тука, што да правиме? Погледнете ја зградава, половина е срушена, ризикуваме се да се урне врз нас. Но, што да правиме? Па ни викаат, луѓе сме“, очаен е тој и додава: „Молете се за нас, молете се за нас. Немаме никој, погледнете наоколу, никој“.

Исто така, постои голема опасност од хипотермија бидејќи е студено.

Друг преживеан, жител на Кахраманмарас, рече дека едвај излегле од урнатините.

„Нашата ситуација е катастрофална, гладни сме и жедни“, рече тој.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.