Цело село добило на лотарија: Група жители од белгиското Олмен освоиле 143 милиони евра

news
Advertisement

Група од 165 жители на белгиското село Олмен освоила 143 милиони евра на лотаријата „EuroMillions“.

Advertisement

Жителите на селото во провинцијата Антверп вложиле пари во купување на лоз, а тоа дефинитивно им се исплатело бидејќи секој од нив освоил 868.000 евра.

Портпаролката на Националната лотарија, Јоке Вермоере, рекла дека групните добитници не се реткост во Белгија, но сепак станува збор за најголемата групна добивка во историјата.

Идентитетот на добитниците не е откриен, а добитната комбинација ја сочинувале броевите 12, 20, 25, 26 и 27.

Најголемиот џекпот на лотаријата „EuroMillions“ го освоил неименуван Британец во јули оваа година, а станува збор за износ од 195 милиони фунти.

Лотаријата „EuroMillions“ е достапна во 9 европски земји – Белгија, Франција, Велика Британија, Шпанија, Португалија, Ирска, Австрија, Швајцарија и Луксембург.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.