Цената на нафтата ги урна овогодинешните рекорди

news
Advertisement

На светските берзи цените на нафтата пораснаа и минатата недела, вторпат по ред, достигнувајќи ги највисоките нивоа годинава бидејќи најголемите светски производители решија да го задржат намаленото производство.

Advertisement

На лондонскиот пазар цената на барелот минатата недела порасна за 2,4 отсто, на 90,65 долари, што е највисоко ниво од ноември минатата година.

На американскиот пазар, пак, барелот поскапе за 2,9 отсто, на 87,50 долари, што е највисоко ниво од септември минатата година.

Растот на цените втора недела по ред е резултат на одлуката на Саудиска Арабија и Русија да го намалат производството. Саудиска Арабија минатата недела објави дека ќе го намали производството за 1 милион барели дневно до крајот на годината, што ги изненади трговците кои очекуваа да ја продолжат одлуката за намалување на понудата само до крајот на октомври.

Од друга страна, Русија одлучи да го намали извозот за 300.000 барели дневно до крајот на годината. Со намалување на производството, тие земји се обидуваат да одржат покачени цени на нафтата, имајќи предвид дека побарувачката слабее поради забавувањето на растот на најголемите светски економии, пренесе Хина.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.