ЦУК: По невремето во Скопско после полноќ, поројната вода навлегла во куќи во селата Ласкарци и во Буковиќ во Сарај

news
Advertisement

По силниот пороен дожд што го зафати градот Скопје во ноќните часови во с.Ласкарци и с.Буковиќ, во Општина Сарај поројната вода навлегла во поголем број куќи, подрумски простори и на повеќе улици, известуваат од центарот за управување со кризи.
„На терен беше БППЗ на Град Скопје со 3 пожарникари и 1 ПП возило, при што интервенирале на најзагрозените реони. Во утринските часови контактирано е со ЈП Водовод и Канализација – Скопје, и од нив е добиена информација дека во текот на денешниот ден ќе излезат на терен за расчистување на улиците од кал и за испумпување на водата од куќите. За настанатата состојба беше известена Општина Сарај за понатамошна постапка“, се истакнува во информацијата.

Advertisement

Од таму додаваат дека според најавите на УХМР за денеска, иако времето од утрово е сончево со мала до умерена облачност, од пладневните часови на повеќе места во државата времето ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и појава на град.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.