Чавушоглу даде рок кога би имало примирје во Украина

news
Advertisement

Пред пролетта во Украина ќе има примирје или преговори, а Турција нема да се откаже и ќе вложи напори тоа да се случи, вели турскиот шеф на дипломатијата, Мевљут Чавушоглу.

Advertisement

Тој кажа дека до пролет очекува јасна слика за војната во Украина. Кажа дека војната стана посложена затоа што борбите на теренот стануваат сè потешки.

„Сега Украина напредува на теренот, враќајќи некои од нејзините окупирани територии. Но, Русија за возврат намерно гаѓа цивилна инфраструктура. Така, животот станува тежок особено за Украинците, и за сите нас“, рече Чавушоглу на форумот во Рим.

Од Кремљ велат дека рускиот претседател Владимир Путин е отворен за преговори за Украина, но Западот мора да ги прифати барањата на Москва. Американскиот претседател Џо Бајден не ја исклучува можноста да се сретне со Путин.
Инаку, Русија е „огорчена” затоа што Франција дава поддршка за формирање Суд за воени злосторства во Украина.

Рускиот претседател Владимир Путин планирал за 10 дена да ја заземе Украина, а тајните планови биле специјалните служби да го убијат украинското раководство.

„Крвави пакети“ со животински очи биле испратени до голем број украински странски амбасади, соопштија властите во Киев, а пренесува Скај њуз.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *