Четвртоодделениците од Македонија се под светскиот просек во читање

news
Advertisement

Децата од Македонија од четврто одделение имаат потпросечен резултат во читање, покажаа резултатите од Меѓународната студија за читање(PIRLS 2021), и се пласираа на 34-то место во светот на табелата од 43 земји од светот.

Advertisement

Според табелата македонските четвртоодделенци освоиле 442 поени и се под просекот од 500 поени според кое е извршено рангирањето. Ова обемно меѓународно истражување, чии резултати се објавуваат на секои пет години, на прво место по читање ги рангираше децата од Сингапур со 587 поени, а потоа следат Хонг Конг (573) и Русија (567).

Во топ 10 се и Англија, Финска, Полска, Кинески Тајпеј, Шведска, Австралија и соседна Бугарија која има високи 540 поени.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.