Чија ракета падна врз болницата во Газа – арапските лидери ја откажаа средбата со Бајден

news
Advertisement

Над 500 лица загинаа во синоќешното бомбардирање на болница во Газа, што беше причина да биде откажан планираниот самит на Бајден со арапските лидери во Аман. Бројот на загинати е убедливо најголем од кој било инцидент во Газа за време на последните случувања, што предизвика протести на окупираниот Западен Брег, Истанбул и Аман. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека болницата во Газа ја нападнале „варварските терористи“, а не израелската војска. Израелската армија пак објави наводни прислушувани разговори на лидерите на Хамас, кои, се случија синоќа веднаш по гранатирањето на болница во Газа.

Advertisement

Оперативец на Хамас 1: „Ви кажувам, првпат гледам ракета да паѓа вака“.

Оперативец на Хамас 2: „И затоа мислиме дека тој припаѓа на палестинскиот Исламски џихад“.

Оперативец 1 на Хамас: „Што?

Оперативец на Хамас 2: „Велат дека му припаѓа на палестинскиот Исламски џихад“.

Оперативец на Хамас 1: „Нам ни припаѓа?“

Оперативец на Хамас 2: „Се чини дека е така“.

Рекциите од светот не запираат. Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен вели дека е тажна поради нападот на болницата Ал-Ахли во Газа и големиот број загинати.

Нема оправдување за напад на болница полна со медицински персонал и цивили. Мора да се утврдат сите факти и одговорните мора да одговараат“.

Шефот на Обединетите нации, Антонио Гутереш повика на итен прекин на огнот во војната меѓу Израел и Хамас. На барањето се приклучија 22 арапски земји. Ријад Мансур, палестинскиот амбасадор во ОН, рече дека членовите на Арапската група се огорчени од овој масакр и обединети во нивното барање за испорака на хуманитарна помош и спречување на принудно раселување на Палестинците. Се огласија и министерот за надворешни работи на Македонија Бујар Османи, како и претседателот на Беса, Касами.

„Нападот врз болница и училиште во Газа со стотици цивилни жртви е нехуман чин на терор за кој нема оправдување.

Злосторство е нападот врз болницата во Газа од страна на Израел што остави над 500 мртви, меѓу кои деца, жени и стари лица, пишува на социјалните мрежи, лидерот на БЕСА и градоначалник на Тетово, Билал Касами.

Американскиот претседател пак Џо Бајден слета во Тел Авив, а таму го пречека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. За Израелскиот премиер „Хамас се новите нацисти.

Хамас се новите нацисти, тие се уште полоши од нацистите“. Светот треба да биде обединет против Хамас.Ве уверувам дека Израел е обединет во борбата против Хамас. Мора да биде победен. Ви благодарам што се со нас и за вашата голема поддршка, вели Бенјамин Нетанјаху – премиер на Израел.

Бајден пак му кажа дека е згрозен сум од нападот на болницата, но верува дека Израел не се виновни.

– Сакав да бидам овде денеска од едноставна причина, сакам народот на Израел, луѓето во светот да го знаат ставот на САД. Бев длабоко тажен и огорчен од експлозијата во болницата во Газа вчера. Врз основа на она што го видов, се чини дека тоа го направи другиот тим, а не вие, рече Џо Бајден- преседател на САД.

Ианку Синагога во Берлин утрово била нападната со молотови коктели, во време кога во главниот град на Германија се зголемуваат антисемитските инциденти и по ескалацијата на насилството на Блискиот исток. Еврејската заедница соопшти дека нејзината синагога во градската населба Мите била нападната со две запаливи направи, а полицијата го потврдила инцидентот.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.