Шаќири: Добро е што „Левица“ го спречи Законот за лични карти

news
Advertisement

Ние имаме конкретни аргументи зошто пишувањето на етничка припадност во лична карта би нанело штета на помалите заедници. Во јавноста не излезе ниту еден аргумент зошто е потребно да стои етничката припадност во личниот документ. Добро е што „Левица“ го спречи ова да мине преку ноќ и ни се остави простор да развиеме дискусија, затоа што сметаме дека пред да се донесе ваква клучна измена, Законодавниот дом треба да развие дебата со граѓаните , изјави Елвис Шаќири, извршен директор на „Ромалитико“ во „Утрински брифинг“.

Advertisement

Институтот за истражување и анализа на политики „Ромалитико“ кој е дел од граѓанското движење „Аваја“ ги повика поднесувачите на предлог-законот, пратениците, претседателот на Владата и претседателот на државата, сериозно да размислат за последиците од донесувањето на законот во кој ќе се воведе запишување на етничка припадност во личната карта.

Ваквиот предлог, покрај тоа што ќе го наруши уживањето на основните човекови права, исто така ќе претставува и безбедносен ризик за ромската заедница и останатите помалку бројни заедници.
Институтот остро се спротивставува на ваквиот предлог, бидејќи искуството покажува дека имаме неподготвеност на институциите да даваат еднакви услуги кон сите граѓани во државата. Со внесувањето на етничката припадност во личната карта ќе им се овозможи на институциите етнички да ги профилираат граѓаните и селективно да им даваат услуги, односно да ги ускратуваат правата на останатите заедници, особено на ромската заедница, велат од „Ромалитико“.

Етничката категорија во државата утврдува колку права ви следуваат, колку треба да бидете претставени во институциите и ова со етничката припадност дополнително ќе го влоши односот меѓу сите заедници во државата. Би сакале да ја потсетиме законодавната и извршната власт во државата на масовното прекршување на основното човеково право за слобода на движење кое беше прекршувано преку етничко профилирање на ромската заедница на граничните премини во државата во периодот 2009 – 2012 година. Преку етничко профилирање не им беше дозволен излез од државата на околу 7.000 Роми.

Извор: https://antropol.mk/2021/02/17/sakiri-romalitiko-levica-zakon-za-licni-karti/

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.