Швеѓанец го чувал трупот на својата пријателка во замрзнувач и продолжил да ја прима нејзината пензија

news
Advertisement

55-годишен Швеѓанец е обвинет за измама и фалсификување евиденции затоа што ја ставил својата мртва пријателка во замрзнувач и ја искеширал нејзината пензија. Шведското обвинителство смета дека човекот, кој не е именуван, извршил „систематска“ измама и се стекнал со корист од 1,3 милиони круни (околу 110.000 евра), пишува Sky News.Обвинетиот на инспекторите им рекол дека телото на својата пријателка, која е Норвежанка, го ставил во замрзнувач откако ја нашол мртва во нивната куќа. По нејзината смрт тој ги уверил семејството и пријателите дека жената е се уште жива. Двајцата живееле во Арјанг, околу 340 километри западно од главниот град Стокхолм.

Advertisement

„Сигурно беше многу стресно за семејството и пријателите да дознаат на овој начин дека жената била мртва подолго време. Мажот го користел замрзнувачот и за други намени, што верувам значи дека секој пат кога замрзнувачот е отворен или затворено, нарушен е гробниот мир на починатиот и претставува отежителна околност“, изјави обвинителката Линда Карлсон.

Телото било откриено во замрзнувачот на 16 март, а мажот бил уапсен три дена подоцна и оттогаш е во затвор. Се уште не е јасно кога жената починала. Отпрвин, инспекторите веруваа дека жената е убиена, но истрагата не најде докази за поддршка на таа претпоставка.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.