Шеикот од Саудиска Арабија ќе го забави сообраќајот во Скопје од вторник до сабота

news
Advertisement

Шеикот од Саудиска Арабија ќе го забави сообраќајот во Скопје. Поради неговата посета од денеска до сабота ќе има посебен сообраќаен режим- улици ќе бидат затворени, автомобили пренасочувани. Но поради негова безбедност, од полицијата не соопштуваат кои делови од градот ќе бидат затворени.

Advertisement

Со посебниот режим кој ќе го спроведе Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе бидат опфатени сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје. Од тие причини, МВР апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници. – стои во соопштението на МВР.

Шеикот Абдулах Бин Мухамед, е вечен претседател на Собранието на Саудиска Арабија. Со негови 76 години, го предводи Парламентот уште од 2009 година.

Шеикот утре е предвидено да се сретне со претседателот Пендаровски и со неговиот колега Талат Џафери. Ќе ја посети и Мустафа пашината џамија на скопско Кале каде ќе се сретне со претставници на Исламската верска заедница, но не и со поглаварот кој е моментално во Саудиска Арабија.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.