Advertisement
Реал Мадрид и Мајорка во моментов го играат натпреварот од петтото коло во шпанската Ла Лига.
Advertisement
Јасно е дека кралскиот клуб е голем фаворит на овој дуел и се освен победа на Реал би било голема сензација.
Сепак, во првото полувреме работите не функционираа баш според очекувањата за Реал Мадрид, а Мајорка успеа да го искористи тоа.
Во 36. минута гостите успеаја да го шокираат Сантијаго Бернабеу и да поведат на овој натпревар.
Во центарот на вниманието беше напаѓачот Муриќи кој успеа да го совлада Куртоа и да погоди за 0:1 и големото славје на играчите и малкуте навивачи на Мајорка.
Сигурно е дека Реал сега ќе тргне со сите сили за пресврт и ќе биде интересно да се види дали Мајорка ќе може да издржи и да направи големо изненадување.
Advertisement